Технологии и материјали

Секој материјал е соодветно изработен со напредна технологија и трандиционални вештини кои нудат посебни придобивки за здрав сон. Дознајте повеќе детали според составот на вашиот производ.

Материјали

Револуционерен вискоеластичен материјал (со средна густина – приближно 50 кг/м3) со неверојатен ергономски квалитет кој се адаптира на контурите на телото со бавна дистензија без да изврши било каков отпор. Овозможува правилна поддршка на ’рбетот за време на спиењето. Еластичен материјал изработен без CFC, емулзифициран со вода кој нуди одлично чувство на удобност.

Револуционерен вискоеластичен материјал (со висока густина – приближно 95 кг/м3) со неверојатен ергономски квалитет кој се адаптира на контурите на телото со бавна дистензија без да изврши било каков отпор. Овозможува правилна поддршка на ’рбетот за време на спиењето. Молекулите на материјалот се спакувани цврсто и споени со цел да гарантираат поголема издржливост на телото на самиот душек, а исто така ги намалуваат потисните точки. Еластичен материјал изработен без CFC, емулзифициран со вода кој нуди одлично чувство на удобност.

Извонреден вискоеластичен материјал збогатен со природни есенцијални масла, специјално истражувани и одбрани да го помогнат спиењето и да го намалат стресот. Се адаптира на структурата, притисокот и температурата на телото, овозможувајќи непроценлива удобност.

ViscoMind® пена перфорирана со серија на вентилирачки дупчиња кои одлично го зголемуваат циркулирањето на воздухот и ја намалуваат влажноста за беспрекорно дишење и максимална удобност на душекот.

Материјал изработен без CFC, емулзифициран со вода кој го олеснува распределувањето на тежината на телото и индуцира релаксација на мускулната маса. Достапен е во многу различни густини и степени на цврстина со цел да се создаде чувство на одмор и комфор.

Bio Foam Soya HR (HighResilience) е пена со висока еластичност и отпорност збогатена со есенцијални масла од соја која овозможува висока удобност и чувство на благосостојба за време на спиењето.

Материјал изработен без CFC, емулзифициран со вода и есенцијални масла проучени со цел да го подобрат спиењето и да го намалат стресот. Еластична пена која го распределува притисокот рамномерно врз душекот и овозможува мускулна релаксација.

Овој супериорен материјал нуди посебно чувство на мекост и удобност за време на спиењето. Совршено се адаптира на контурите на телото, а во исто време ја одржува природната цврстина на душекот.

Флексибилна полиуретанска пена помешана со посебни микоркапсули наречени PCM (Phase Change Materials), кои ја апсорбираат топлината од човечкото тело и одржуваат стабилна температура во внатрешноста на материјалот. На тој начин, пената се здобива со неверојатен капацитет да остане свежа и да спречи покачување на температурата при присуство на човечкото тело на подолг временски период.

SoftGel® е тотално нетоксичен еластичен материјал со низок индекс на термална спроводливост. Потребни му се околу три часа за да детектира одредено покачување на температура и со самото тоа ја намалува својата температура неколку степени пониско од телесната температура. Тоа ја подобрува циркулацијата на крвта, кислородот во ткивата и создава удобно чувство на свежина.

Федери обвиткани во џебно јадро од кои секој федер функционира независно од сите други и се адптира совршено на секој посебен дел од телото. Поддршката е распределена во 7 зони на цврстина со користење на челични жици од различни дијаметри.

Латекс изработен со иновативна технологија која овозможува супериорна вентилација и регулирање на влажноста која се созадава поради структурата на отворени келии и илјадници перфорации. Антибакетриски материјал со ортопедски својства и висока издржливост, отпорен на прашина.

Латексот е супстанца произлезена од HeveaBrasiliensis растението, кој по својата доработка преминува во еластичен материјал со структура составена од милиони микрокелии. Според бројни истражувања, овој материјал може да реши многу алергиски проблеми кои се појавуваат се почесто секој ден. Природната еластичност на латексот му овозможува да се приспособува, точка по точка, на секоја позиција на телото.

Ткаенини

Специјална ткаенина во која се комбинираат јаглеродни и сребрени влакна збогатени со есенцијални масла од соја за да создадат тотално уживање. Јаглеродните влакна му овозможуваат на телото да го испразни електрицитетот акумулиран во текот на денот. Неверојатните антимикробни својства од среброто создаваат природна заштита против микробите и бактериите. За крај, сојата овозможува комфор при допирот со кожата и дава чувство на заштита како втора кожа.

Употребата на ткаенина изработена од 100% фибри со антиалергиски својства има многу позитивни квалитети за здрав и удобен сон. Отпорна на мувла и непробојна за микроорганизми од сите видови, оваа ткаенина има одлични перформанси и е одличен сојузник за благосостојба и добар сон.

Извонредно мека ткаенина во која е застапена пробиотската микрофауна во форма на микрокапсули.Тие остануваат неактивни се додека не се ослободат од контактот помеѓу телото и душекот и обезбедуваат природна заштита,која го спречува растот на мувла и бактерии и уништуваат прашински грини.

Оваа ткаенина мека како свила е направена од влакно со посебна вискоза кое е тотално биоразградливо. Soft Care е ексремно пријатен, мек и удобен материјал кој Ви дава неверојатно чувство на свежина и удобност. Ја апсорбира влагата, самиот материјал дише и останува во првобитната состојба и после долга употреба.

Употребата на неалергенско влакно има многу позитивни страни за здраво и удобно спиење , како отпорност на мувла и непробивност на микро-организми од сите типови. Оваа ткаенина е исклучително пријатна и мека, ја апсорбира влажноста и овозможува лесен проток на воздух.

Специјална ткаенина дизајнирана да ja репродуцира целата брилијантност и мекост на кашмирот. Идеална особено за ослободување топлина во зимските денови без да ја изгуби удобноста благодарение на неговиот екстра мек ефект. Изработена е од еколошки, анти-бактериски и хипоалергени материјали.

Овој материјал, со неверојатна способност за “дишење” се користи главно за да се оформат краевите на душекот, со цел да гарантира константна циркулација на воздухот. На тој начин, 100% ги елиминира сите форми на влажност кои може да се појават внатре во душекот, со цел да обезбеди поздраво и релаксирано спиење.

Полнења на навлаки

Употребата на ClimaFresh® во полнењата нуди апсорбирање на топлината од човечкото тело и одржување стабилна температура во внатрешноста на материјалот. На тој начин, материјалот се здобива со неверојатен капацитет да остане свеж и тогаш кога е во контакт со човечко тело. Заедно со природната способност на среброто да ја спречи бактериската полиферација, една од примарните причини за астма, алергија и мувла, има способност да ја намали мувлата и бактериската полиферација до над 95%.

Ленените влакна се добиваат од стеблата на Linum Usitatissimum – тревни растенија одгледувани во студените умерени региони на северна Европа. Како добар термички проводник, ленените влакна се веројатно најидеалната облога за летната страна на душекот заради чувството на свежина што го дава при контакт со кожата. Покрај тоа, неговата молекуларна структура му овозможува да ја апсорбира влагата која ја испушта телото за време на спиењето овозможувајќи потоа да испари.

Тенкоста и мекоста ја прават волната од камила одлична топлинска изолација. Значително ја апсорбира топлината, повеќе и од овча волна, што ја прави идеална за зимскиот период.

Полнењето со Visco Mind пена во навлаката на душекот овозможува зголемено чувство на удобност за време на спиењето, а го подобрува и прилагодувањето на душекот кон структурата на телото без да создава потисни точки.

Својството на овој материјал е супериорно во однос на другите поради неговиот екстра мек ефект бидејќи е десет пати помек од оној на традиционалните полнења. Посебниот обвиткувачки ефект кој го создава за време на одморот, односно спиењето, уште повеќе ја зголемува удобноста на самиот душек.

Антиалергенското влакно во полнењето на навлаката има повеќе предности, пред се’ да се спие во хигиенски услови и висок комфор. Отпорно на мувла и микроорганизми, антиалергенското влакно има високи перформанси и е одличен созујник за добар одмор во текот на ноќта.